Dildar Baykan Atalay
28 Ноември 2025•Ажурирај: 28 Ноември 2025
КОЛОМБО (АА) - Бројот на жртви од свлечишта и поплави предизвикани од поројните дождови во Шри Ланка се зголеми на 56, известува Анадолу.
Катастрофите, кои започнаа минатата недела и се интензивираа вчера, предизвикаа човечки жртви и оштетување на имоти.
Според соопштението од Центарот за управување со катастрофи во Шри Ланка, бројот на жртви во катастрофите се зголемил на 56, а 21 лице се водат како исчезнати.
Под вода се повеќе од 600 домови, обработливо земјиште и патишта во земјата.
Владата објави затворање на сите владини канцеларии и училишта.
Властите објавија дека некои железнички услуги се запрени во планинските региони поради паѓање камења и дрвја на шините, а некои линии се поплавени од надојдените води.