СКОПЈЕ (АА) - ЏУНЕЈТ ДАВУТ
Претседателот на Центарот за стратешки истражувања на Балканот, Рифат Саит, нагласи дека балканските државни лидери треба добро да размислат кога велат: „Не можеме да ги затвориме училиштата на терористичката организација ФЕТО“, порача „да не ја продаваат Турција за пет терористички училишта”.
Саит, кој за време на својот пратенички мандат беше претседател на ’пријателската група меѓу турскиот и албанскиот парламент, во разговор за Anadolu Agency (АА), потенцирајќи ја важноста на Балканот за Турција, рече дека веќе 20 години работи на студии поврзани со Балканот.
Саит, кој е во посета на Скопје, присуствуваше на отворањето на филијалата на Здружението на бизнисмени и индустријалци (МУСИАД), забележа дека отворањето на една ваква филијала на МУСИАД во Скопје и не е така мала работа и додаде дека отсега Турција ќе ги сотре сите злонамерни напади кон неа, пред да ѝ нанесат било каква штета.
Тој пренесе дека Турција повеќе нема да толерира напади врз неа и дека на секој напад ќе одговори со напад, и додаде оти тоа нема да го прави само со топови и пиштоли, туку и преку трговија, култура и општествени и економски студии.
Во врска со структуралната распределба на ФЕТО, најпрвин во Албанија, а потоа и на целиот Балкан, Саит рече дека, оваа организација, чиишто универзитети и болници се наоѓаат во Албанија, има силна структура на Балканот.
Потенцирајќи дека структурата на ФЕТО во Албанија задира во пријателството меѓу Турција и оваа држава, Саит напомена оти постои историско пријателство меѓу албанскиот и турскиот народ.
Тој понатаму истакнува дека минатата недела се одржала средба меѓу косовска и турска делегација во Истанбул, на којашто се разговарало околу затворањето на установите на ФЕТО во Косово, но дека не добиле позитивен одговор од косовските власти околу ова прашање.
Алудирајќи на пријателските и братски односи меѓу двете држави, Саит изјави: „Во Турција живеат повеќе Албанци отколку што има во Косово и Албанија. Во Турција има над 5 милиони државјани со албанско потекло. Ова се државјани кои се лојални на својата татковина и народ. И Албанците во Турција се вознемирени поради продолжувањето на активностите на ФЕТО на овие простори“.
- „Треба да се прави разлика меѓу оние кои се во право и оние кои не се“ -
Саит напомена дека, и покрај тоа што некои луѓе немаат врска со ФЕТО им се лепи етикета дека се нивни членови, и додаде: „Треба да се прави разлика помеѓу оние кои се во право и оние кои не се“.
Потенцирајќи дека, припадниците на ФЕТО треба најостро да бидат казнети, Саит забележа дека одредени луѓе во Албанија, против кои се води негативна хајка, треба да бидат придобиени.
Тој понатаму пренесе дека сè уште постојат поддржувачи на ФЕТО, а Албанија се смета за центар на ваквите случаеви и додаде дека сè уште голем број на деца овде, учат во училиштата на ФЕТО.
Нагласувајќи го негативниот став на властите во Албанија на предлогот за затворање на училиштата на ФЕТО, Саит рече: „Имаат и економски установи. Забележав дека, одредени бизнис институции во Албанија се под негативно влијае. Постојат штотуку влезени фирми и групации таму. Тие треба внимателно да се преиспитаат“.
Тој ја оцени секоја активност која е против државата како ’паралелна структура’, и нагласи дека наредбите треба да се прифаќаат само доколку се од авторитетите на државата, во спротивно, според него, тоа значи паралелна структура.
„За да не нѝ се случи поголема штета, додека бегаме од помалата, влегувањето на друга група, додека расчистуваме со ФЕТО е погрешно. Поради ова, треба да се внимава насекаде. Внатре во државата треба да постои единство и моќ“, истакна Саит.
Повикувајќи на разумен пристап во борбата против ФЕТО во Косово и Албанија, Саит нагласи дека турското пријателство е многу важно за овие држави.
- „Нека не ја продаваат Турција за пет терористички училишта“ -
Алудирајќи на патот по кој чекори Турција кон тоа да стане светска сила, Саит потенцира дека и Балканот треба да ја перципира како светски лидер и дека за балканските држави е важно да не си ги расипуваат односите со Турција.
Тој забележа дека Балканот не може да се замисли без Турција, и додаде оти Турција има клучна улога во регионот, што според него се гледа во вклучувањето на Турција во одлуките од страна на САД и Русија, и влијанеието на Турција во овие одлуки во светот.
На крај, Саит нагласи дека балканските државни лидери треба добро да размислат кога велат: „Не можеме да ги затвориме училиштата на терористичката организација ФЕТО“ и порача:
„Нека не ја продаваат Турција за пет терористички училишта. Си ја ставаат иднината во тесно и ќе мораат да ѝ дадат отчет на историјата. Овие се терористи. Направиле студија за поделба и распарчување на Турција. Зборуваме за полоша организација и од ПКК. Незатворањето на училиштата на една ваква терористичка организација предизвикува болка за Турција“.
news_share_descriptionsubscription_contact
