Tufan Aktaş
25 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
АДИС АБЕБА (AA) – Владата на Бурунди ги укина дозволите за сите организации во земјата коишто се поврзуваат со терористичката организација ФЕТО. Освен тоа, владата донесе одлука турската фондација „Маариф“ (TMV) да ја преземе надлежноста над образовните институции поврзани со ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Челникот на фондацијата, Хасан Јавуз, за АА изјави дека Министерството за надворешни работи на Бурунди ги укинало работните дозволи на сите организации на ФЕТО во земјата и издаде соопштение дека фондацијата „Маариф“ станува надлежна за образовните институции на организацијата.
Јавуз изјави дека на претседателот на Бурунди, Пјер Нкурунзиза, му е упатено посебно писмо и порака од неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.
Според неговите зборови, работните дозволи се укинати за сите образовни институции, трговски здруженија и хуманитарни организации коишто се поврзани со ФЕТО.
Јавуз изјави дека наредната недела во Бурунди ќе биде поставен координатор за таа земја и оти локалните официјални лица можат да ги разберат случувањата за време на обидот за државен удар во Туција на 15. јули 2016 година, и по него, бидејќи и самите биле сведоци на тероризам и државни удари.
Тој додаде дека Нкурунзиза рекол оти билатералните односи меѓу Турција и Бурунди сакаат да ги подигнат на највисоко ниво.
Јавуз изјави дека поради распустот, забрзан е процесот на преземање на надлежноста над образовните институции.
Тој рече дека пред Бурунди ја посетиле Уганда, каде што на локалните официјални лица им врачиле правни документи за организацијата ФЕТО.
„Имавме втор состанок во Уганда, тоа беа технички преговори. На состанокот на кој присуствуваше и обвинителот од Уганда, ги предадовме судските документи кои зборуваат за злосторствата на ФЕТО. Сега чекаме да ги анализираат документите и да дадат одговор“, изјави Јавуз.
Бурунди е 16. земја во Африка со која турската фондација „Маариф“ постигна договор. На тој континент, фондацијата презеде надлежност над 31 училиште, 15 студентски домови и 16 други објекти во Република Конго, Сомалија, Гвинеја, Нигер и во Судан.
Исто така, потпишани се договори за преземање на училиштата во Сенегал, Чад, Габон, Буркина Фасо, Централноафриканската Република, Демократска Република Конго и на Мадагаскар, а потпишани се и договори за отворање на училишта на Маариф во Џибути и на Сао Томе и Принсипе.