Alma Çekovic
03 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
САРАЕВО (AA) - На локалните избори во БиХ кои се одржаа денес, според првите прелиминарни и непотполни податоци на Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) највеќе градоначалнички места во сараевските општини освои коалицијата СДА-СББ, јавува Anadolu Agencu (AA).
Во Општината Ново Сараево, кандидатот на СДА-СББ Неџад Колџо освои 47,08 отсто од гласовите.
Врз основа на 53,57 отсто од обработените гласови, градоначалничката позиција во Општина Центар ја освои кандидатот на СДА-СББ Неџад Ајнаџиќ - 32,95 отсто.
Убедлива победа за градоначалник на Општина Нови Град Сараево, врз основа на 90,3 отсто обработени изборни места, освои кандидатор СДА-СББ Семир Ефендиќ. Кандидатот на оваа партија за градоначелник на Општина Илиџа Сенаид Мемиќ освои 52,49 отсто гласа.
Во сараевската Општина Стари Град обработени се 65,22 отсто од гласовите, а независниот кандидат Ибрахим Хаџибајриќ освои највеќе гласа - 555,7 отсто.
Во Тузла преброени се 24,5 отсто од бирачките места, а за градоначелник според прелиминарните резултати е избран Јасмин Имамовиќ, кандидат на Социјалдемократската партија (СДП) БиХ- 47,3.
Победа во Зеница однесе независниот кандидат Фуад Касумовиќ.
Во Бањалука највеќе гласа освои Сојузот на независните кандидати (СНСД) Игор Радојичиќ. Тој вез основа на само 5,97 отсто изборни места освои 57,08 гласа.
Коалицијата СДА-СББ освои 34 градоначалнички места, СНСД 26, ХДЗ БиХ 18, додека СДП освои осум градоначалнички места.
На седмите локални избори во БиХ од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор гласаа 1.723.140, односно 53,88 отсто од 3.263.906 гласачи регистрирани во Централниот изборен список, соопштено е од ЦИК.
На овогодинешните локални избори во БиХ се избираше 131 градоначалник на општина, 10 градоначалници на градови и 3.136 советници. На кандидатските листи се наоѓаа вкупно 30.445 кандидати: 418 кандидати за градоначалници на општини и 29.884 кандидати за општински совети и општински собранија, како и 143 кандиндати за советници од националните малцинства.