Hasan Esen
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
ЛОНДОН (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПКК нападнаа ученик, Турчин по националност, во Лидс, Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поддржувачите на ПКК, кои поставија штанд во центарот на Лидс за пропаганда против Турција, го нападнаа ученикот Ерен Б., кој реагирал на нивната пропаганда.
Ученикот Ерен Б. во изјавата за АА вели: „Кога видов дека им даваат лажни информации за Турција на тие што доаѓаат на штандот и јас се приближив и реков: 'Ние немаме проблем со Курдите, ние се бориме против терористичката ПКК. Еден од нив рече: 'И јас сум ПКК' и ги викна другите. Еден ме држеше, а друг ме удри во глава. Беа пет лица. За да не снимам, ми го зедоа телефонот и го фрлија на земја.“
- „Секогаш ќе продолжам да ја бранам својата земја“ -
Истакнувајќи дека случајот го пријавил во полиција и дека потоа е префрлен во болница, Ерен истакна: „Случајот го пријавив кај полицајците што се наоѓаа тука. Но не верувам дека ќе преземат нешто. Добив 20-30 удари, секогаш ќе ја бранам својата земја.“
Чинар Ергин, генералниот конзул на Турција во Лондон, истакна дека како држава го поддржуваат Ерен, и дека ќе го следат настанот.
И на социјалните мрежи ученикот Ерен беше поддржан со хаштагот „PkkYpgTerrorinEngland“.
- Тероризмот на ПКК во Европа -
Поддржувачите на ПКК, по турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија, која започна со цел оневозможување на формирање терористички коридор близу јужната граница на Турција и за обезбедување мир во регионот, започнаа демонстрации во различни градови во светот.
Приврзаниците на терористичката организација во Белгија со нож прободеа двајца млади лица од турска националност. Исто така во Норвешка со камења и стапови беа нападнати Турци кои седеа во кафуле и едно возило во коешто имало бебе со неговото семејство.
Поддржувачите на ПКК, кои маршираа во Стразбур, Франција, со стапови нападнаа турски државјани што реагираа на нив.
И градоначалничката на Санџактепе, Шејма Догуџу, беше нападната од приврзаниците на ПКК во Лондон.
Исто така, во некои земји, особено во Германија, цел беа џамии и деловни објекти на Турците.
Европските земји, и покрај тоа што ПКК се наоѓа на листата на терористички организации, ѝ дозволуваат да организира демонстрации на кои истакнува симболи на терористичката организација.