Gamze Türkoğlu Oğuz
02 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
АНКАРА (АА) - 43.000 луѓе се евакуирани поради тајфунот Камури, кој се очекува да го погоди источниот дел на Филипините, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната метеоролошка агенција на Филипините соопшти дека тајфунот Камури, чијашто брзина на ветерот ќе достигне 185 километри на час, се очекува денес во доцните часови или утре претпладне да ги погоди источните острови на земјата.
Се очекува Камури најмногу да го зафати островот Лусон, главниот град Манила и околните провинции.
Исто така се нагласува дека поради тајфунот Камури 43.000 луѓе од истокот на земјата ќе бидат евакуирани, а наставата во училиштата ќе биде прекината.
Камури, ќе биде 20-тиот тајфун оваа година на Филипините. Тајфунот ќе го следи истиот пат како тајфунот Рамасун, во кој загинаа над 100 лица во јули 2014 година.
Во тајфунот Хајан, кој ги погоди внатрешните делови на земјата во 2013 година, животот го загубија повеќе од 7.300 луѓе, над 5 милиони луѓе беа раселени.