Kübra Kara
02 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со новата претседателка на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен, а разговараа за процесот на членството на Турција во Европската унија (ЕУ) и за прашањето на мигрантската криза, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што дознава АА, телефонскиот разговор е остварен на повик на претседателката вон дер Лејен, а една од темите на разговорот беше и процесот на членството на Турција во ЕУ.
Ердоган и вон дер Лејен разменија мислења во врска со прашањето на сириските бегалци, пружањето поддршка на бегалците во согласност со договорот помеѓу Турција и ЕУ, како и безбедното враќање на бегалците во рамките на зоната која е формирана на северот на Сирија.
Европскиот парламент на 27 ноември, го потврди новиот состав на Европската комисија на чело со Урсула вон дер Лејен која е прва жена во историјата која ја извршуваа таа функција.