Muhammet Nazım Taşçı
02 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
АНКАРА
Властите на Бразил информираа дека за време на полициска операција биле нападнати од две лица со мотоцикл. По нападот, полициските сили тргнале во потера по напаѓачите. За време на потерата, осомничените напаѓачи влегле во улицата „Параисополис“ во која се одржувала улична забава на која имало илјадници луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Додека осомничените продолжиле со пукањето, некои од учесниците на уличната забава почнале да фрлаат со камења и шишиња на полицајците. На ваквото однесување на луѓето полицијата возвратила со пластични куршуми и солзавец.
По истрелите и користењето на солзавец настанало човечко стампедо во обид во ист момент повеќе илјади луѓе да ја напуштат улицата, при што некои лица биле прегазени.
Власта соопшти дека во настанот животот го загубиле 9, а 7 лица се повредени.