Emel Öz
22 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
АНКАРА
Според интернет-страницата „Ourworldindata.org“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со вакцинацијата во земјите од светот, Кина со 466.700.000 е земја со најголем број администрирани дози од вакцините против Ковид-19. Следуваат Велика Британија со 59.180.000, Бразил со 56.540.000, Германија со 44.390.000, Франција со 31.540.000, Италија со 29.970.000, Турција со 27.730.000, Русија со 25.470.000, Мексико со 24.990.000, Индонезија со 24.430.000 и Шпанија со 23.960.000 дози вакцини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според администрирани дози вакцини на 100 жители, на прво место се наоѓаат Сејшелите со 134,39 дози. Следуваат Сан Марино со 122,90, Израел со 121,91, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 120,76, Малта со 102,76, Бахреин со 90,81, Чиле со 90,35, Велика Британија со 87,17, Малдиви со 84,35, САД со 84,20, Унгарија со 80,59, Монголија со 77,98, Катар со 77,53, Монако со 73,04 и Уругвај со 72,91 дози вакцини на 100 жители.
- Турција е 9. земја во светот со најголем број администрирани вакцини
Според податоците на турското Министерство за здравство, досега во оваа земја се администрирани 27.730.841 доза од вакцините против Ковид-19.
Од аспект на вкупниот број на администрирани вакцини, Турција се наоѓа на 9-то место во светот, при што бројката на вакцинирани лица на 100 жители изнесува 32,85. Досега 15.861.484 лица ја примија првата доза од вакцината, а 11.869.357 се вакцинирани и со втората доза.
Според истата интернет-страница, во Северна Македонија досега се администрирани 244.518 дози од вакцината против Ковид-19.
Вакцините за Ковид-19 што до денес се користат или пак, се дозволени за употреба во итни случаи, се даваат во две дози со потреба од изминување на периодот за аплицирање на втората доза, освен кај една од нив. Затоа, бројката на дадени дози не се совпаѓа со бројката на вакцинирани лица.
Според податоците што ги објави интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира информациите за бројката на починати, заразени и оздравени лица што биле позитивни на Ковид-19 во земјите од светот, досега во светски рамки коронавирусот е детектиран кај 166.568.309 лица. Од нив животот го загубиле 3.460.014 заразени, а оздравеле 147.382.269 лица претходно позитивни на Ковид-19.