Esra Taşkın
23 Јануари 2023•Ажурирај: 24 Јануари 2023
ПАРИЗ (АА) - Почина лицето кое беше застрелано од страна на полицијата во францускиот главен град Париз, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија француските медиуми, полицијата се упатила кон париската Зона 11 откако добила дојава дека човек се шета по улица со оружје в рака.
Откако лицето го вперило своето оружје кон полицајците, тие пукале кон него.
Осомничениот кој бил застрелан во градите со четири куршуми им подлегнал на повредите.
Судските извори велат дека загинатиот осомничен не рекол ништо против полицијата, но се однесувал заканувачки.
Се истакнува дека лицето чиј идентитет сѐ уште не е познат, имало лажно оружје.
Започната е истрага во врска со настанот.