Dilara Karataş
23 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
БАНГКОК - Од експлозијата што се случи по сообраќајната несреќа на автопат во Тајланд животот го загубија 11 лица, меѓу кои и две деца, известува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми објавија дека возилото, кое се движело со брзина од 100 километри на час на автопатот Митрафап удрило во банкина.
Од експлозијата која следела по сообраќајката се запалило возилото, при што животот го загубиле 11 од 12 лица што се наоѓале во него, вклучувајќи го и возачот.
Меѓу загинатите има две деца, а повредениот 20-годишник е префрлен во болница во Сикио.