23 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
КУДС (АА) - Млад Палестинец синоќа беше застрелан и убиен од страна на израелските сили на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека Мухамед Иса (26) бил застрелан во грбот и им подлегнал на повредите во медицинскиот комплекс во Рамала.
Според локалните жители, израелските сили отвориле оган врз палестинско возило за време на рација во градот Ал Бирех, повредувајќи го возачот.
Рацијата предизвика судири со палестинските жители, при што израелските сили употребија солзавец, гумени куршуми и боева муниција за да ги растераат, велат жителите.
Во соопштението на Израелската војска се вели дека нивните сили извршиле рација во градот откако „биле видени осомничени како се приближуваат до населбата Псагот“.
Во соопштението се вели дека израелските сили одговориле на оган од автомобил кој поминувал, повредувајќи го возачот.
Нема информации за повредени меѓу израелските сили.
Во неделата Израелската армија им дозволи на своите војници да пукаат кон Палестинците кои фрлаат кон нив со камења и молотови коктели.