Sümeyye Dilara Dinçer
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Шри Ланка соопшти дека планира долгот за нафтата увезена од Иран да го плати со чај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), владиниот функционер Рамеш Патирана објавил дека планира долгот на земјата од 251 милион долари кон Иран да го исплати праќајќи чај во вредност од 5 милиони долари секој месец.
Патирана изјави дека начинот на плаќање нема да ги прекрши санкциите на Обединетите нации или САД, дека чајот е класифициран како прехранбен производ и дека ниту една иранска банка што се наоѓа на црната листа нема да биде вклучена во планот.
Членовите на Одборот за чај на Шри Ланка изјавија дека станува збор за план кој за првпат ќе го користи чајот како размена за отплата на надворешниот долг на земјата.
Шри Ланка годишно произведува околу 340 милиони килограми чај.