Amir Latif Arain
07 Септември 2023•Ажурирај: 08 Септември 2023
КАРАЧИ (АА) - Во експлозијата што се случи кога патничко комбе со работници наиде на нагазна мина во северозападниот дел на Пакистан, беа убиени две лица, а повредени 25 други, соопшти полицијата денес, пренесува Анадолу.
Инцидентот се случил во средата во областа Шавал во немирниот племенски округ Северен Вазиристан лоциран во близина на границата со Авганистан.
Експлозијата се случи по „прекуграничен“ напад врз пакистанските безбедносни сили во северозападната област Читрал, што се граничи со соседен Авганистан, во средата, при што загинаа најмалку четворица војници и 12 осомничени милитанти.
Ниту една група не презеде одговорност за експлозијата, што е последен во серијата слични инциденти.
Минатиот месец, 13 работници загинаа, а неколку беа повредени во експлозија на нагазна мина во областа Шавал.
Северен Вазиристан беше седиште на матичната организација на пакистанските талибанци, Техрик-е-Талибан Пакистан, сè додека не беше потисната во Авганистан по серијата воени операции во племенскиот регион од 2014 година.