Ekipa
07 Септември 2023•Ажурирај: 09 Септември 2023
КИЕВ (АА) – Новиот министер за одбрана на Украина, Рустем Умеров, инаку првиот кримски Татар кој стапи на оваа функција, порача дека планот на неговата земја е да победи во војната против Русија, пренесува Анадолу.
Умеров преку социјалните мрежи изрази благодарност до претседателот на Украина, Владимир Зеленски, за укажаната доверба.
Тој нагласи дека за него е голема чест што е министер за одбрана во историски период за неговата земја.
„Постојат пет приоритети на нашето министерство: воена централизација, формирање субјективитет на Министерството, зајакнување и проширување на меѓународната коалиција, нулта толеранција за корупција, дигитализација, развој на воената индустрија на Украина. Победата е нашиот план. Мора да направиме сè за да дојдеме до победа“, порача Умеров.
Претседателот на Украина, Зеленски, на 3 септември објави дека донел одлука да го назначи Умеров за министер за одбрана. Неговото именување го потврди и Врховната рада на вчерашната седница.