Ekipa
29 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
КУЕТА (АА) - Шахзад Фархат, портпарол на пакистанската полиција, соопшти дека вооружени лица во два одделни напади во градот Куета убиле четворица полицајци, а потоа побегнале, јавува Anadolu Agency (AA).
Фархат рече дека нападите се случиле во вторникот доцна навечер во главниот град на сиромашната провинција Балуџистан. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Фархат рече дека сè уште се истражува кој стои зад најновите „терористички напади”.
Балуџистан е најголемата провинција на Пакистан и место на неколку мали немири во последните неколку години.
Мала сепаратистичка група во регионот често ја напаѓа полицијата и безбедносните сили со цел да изврши притисок врз Владата поголемиот дел од средствата од ресурсите да се одвојат за покраината во југозападниот дел на Пакистан.