Canberk Yüksel
29 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
ЊУЈОРК (АА) - Синоќешниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк” во кој загинаа најмалку 36 лица, а беа ранети речиси 150 предизвика поплава реакции на политичарите во САД кои го осудуваат овој грозоморен чин, јавува Anadolu Agency (AA).
„САД најостро го осудува грозоморниот терористички напад на Меѓународниот аеродром „Ататурк” во Истанбул. Аеродромот во Истанбул, како и аеродромот во Брисел, кој беше нападнат претходно оваа година, претставуваат симбол на меѓународна врска и врска која не поврзува”, се вели во соопштението на Белата куќа.
Од Белата куќа искажаа искрено сочуство на семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените.
„Ние и понатаму сме непоколебливи во нашата поддршка на Турција, нашиот НАТО сојузник и партнер, заедно со нашите пријатели и сојузници ширум светот, како и досега иако и понатаму се соочуваме со опасностите на тероризмот”, се додава од Белата куќа.
Од Стејт Департментот се огласија истакнувајќи дека „за жал овој убиствен напад е најнов во низата напади чија цел е убивање и ранување на недолжни цивили”.
„Таквите напади ќе ја зајакнат само нашата одлучност да работиме заедно со Владата на Турција во борба против тероризмот и да ги поддржиме сите ширум регионот кои работат на промоција на мирот и помирувањето”, велат од Стејт Департмент
И претседателските кандидати го иразија своето жалење поради она што синоќа се случи на аеродромот „Ататурк”.
„Терористите повторно погодија во срцето на еден од нашите НАТО сојузници. Сите Американци се обединети со народот на Турција против оваа кампања на омраза и насилство”, изјави Хилари Клинтон, демократскиот претседателски кандидат.
Изборниот штаб на републиканскиот кандидат Доналд Трамп објави соопштение:
„Нашите молитви се со семејствата на загинатите и повредените во Истанбул. Целиот свет е шокиран и потресен со она што се случи. Заканата од тероризмот никогаш не била поголема. Нашите непријатели се брутални и немилосрдни и спремни да убијат секој кој не клекнува пред нивната волја”.