Hasan Esen
29 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди синоќешниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк” и упати порака за солидарност со Турција и нејзиниот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Непосредно по терористичкиот напад во Истанбул, Столтенберг објави порака за солидарност и најостро го осуди терористичкиот напад, а утрово истото го повтори и во пишано соопштение.
„Моето срце е со семејствата на загинатите, ранетите и со целиот народ на Турција. Тероризмот никако неможе да се оправда. Сите НАТО членки се солидализираат со Турција и единствени сме во одлучноста да се бориме против сите видови на тероризам” , порача Столтенберг.
Генерлниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, исто така остро го осуди терористичкиот напад на Меѓународниот аеродром во Истанбул. Тој нагласи дека е потребно да се интензивираат регионалните и глобални напори во борбата против тероризмот.
Во соопштението на ОН исто така се наведува дека генералниот секретар на оваа организација изразува сочуство на семејствата на жртвите, турскиот народ и Владата на Турција.
Бан изрази надеж дека одговорните за нападот ќе бидат пронајдени и приведени пред лицето на правдата, додавајќи дека сочувствува со турскиот народ во овие тешки моменти.
Во терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк” во Истанбул, загинаа 36 лица, додека речиси 150 се повредени. Одговорност за нападот сè уште не презеде никој, но синоќа турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека сознанието на истражните органи укажуваат на тоа дека нападот е дело на ДАЕШ.