Mustafa Keleş
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
ЊУЈОРК (АА) - Генералното собрание на ОН ги избра петте земји кои во периодот од 2017-2018 година ќе бидат привремени членки на Советот за безбедност на ОН (СБОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Со тајно гласање, по два круга, и двотретинско мнозинство избрани се Етиопија, од африканската група, Боливија од Латиноамериканската и карипската група, Казакистан од Азиско-пацифичката група и Швајцарија за едно од двете места обезбедени за Европската и останатите групи.
За второто место од Европската група се натпреваруваа Холандија и Италија. Во првите два круга од гласањето, 125 држави ја поддржаа Холандија, додека 113 земји својот глас го дале за Италија. За избор биле потребни 128 гласа и затоа гласањето било повторено.
Во петтиот круг на гласање двете земји добија по 95 гласа, по што гласањето влезе во ќор-сокак.
Во паузата, министрите за надворешни работи на двете земји се договорија членството да го поделат по една година секоја земја. Според тоа, во 2017 година член на СБОН од групата на Западна Европа и останатите ќе биде Италија, додека во 2018 година Холандија.
За спроведување на овој план потребно е групата од Западна Европа и останатите да го потврдат постигнатиот договор, по што договорот ќе биде даден на гласање во Генералното собрание на ОН.
За завршување на процедурата, се очекува групата на Западна Европа и останатите да се сретнат денеска со предлог на договорот.
- Со должноста се започнува на 1-ви јануари 2017 година -
Секоја година се обновуваат местата за новоизбраните пет привремени членки на Советот за Безбедност на ОН, чија должност започнува на 1-ви јануари, а во втората година мандатот им завршува на 31-ви декември.
Во моментов, во улога на привремени членки на советот, чија должност завршува на 31-ви декември се Венецуела, Малезија, Нов Зеланд, Шпанија и Ангола.
На почетокот од оваа година, својата должност на привремени членки ја започнаа Јапонија, Украина, Уругвај, Египет и Сенегал и нивното членство завршува на 31-ви декември 2017 година.
Советот за безбедност, кое е главното тело за донесување одлуки при ОН, има 15 члена и од десетте привремени земји-членки, пет се менуваат секоја година.
Постојани членки на Советот за безбедност на ОН се САД, Русија, Кина, Англија и Франција и овие земји-членки имаат право на поставување вето на нацрт-резолуциите. Привремените членки немаат право на вето.