БРИСЕЛ (АА) – Новиот претседател на Европскиот Парламент (ЕП), ќе биде избран во вторник. Осумте групи од екстремната левица и од екстремната десница со свои кандидати ќе учествуваат на гласањето, а победникот ќе биде избран со договарање и сојузи меѓу групите, јавува Anadolu Agency (AA).
Сегашниот претседател на ЕП, Мартин Шулц изјави дека нема повторно да се кандидира, а изборите ќе бидат на 17. јануари во Стразбур. Кандидатите ќе одржат говор, по што ќе се премине на гласање.
- Не се очекува изборот да биде постигнат во првиот круг од гласањето
Во првите три круга од гласањето ќе се бара апсолутно мнозинство. Гласањето ќе биде тајно, со цел да се ограничи влијанието врз членовите на групите.
Доколку не се постигне апсолутно мнозинство во првите три круга, ќе се премине на четврти и последен круг на гласање. Во четвртиот круг на гласањето ќе се натпреваруваат двајца кандидати кои претходно добиле најмногу гласови, а ќе биде потребно просто мнозинство. За разлика од изборите во 2014 година, поради тоа што групите пред овие избори немаа консензус за кандидатите, се очекува новиот претседател да биде избран во последниот круг од гласањето.
На овие избори, сите осум групи одлучија да излезат со свој кандидат. Наспроти ова, последниот круг од изборите се очекува да биде меѓу кандидатот на христијанската демократска партија – Европска народна партија, Италијанецот Антонио Тајани и италијанскиот лидер на групата на социјалисти и демократи (С&Д), Џани Питела.
- Кандидати на екстремната левица и на екстремната десница
Екстремните левичари и комунистите на изборите учествуваат со кандидат – Италијанец. Европската обединета левица (Северна зелена левица), која брои 52 члена, ја кандидираше Елеонора Форенца. Кандидатот на оваа група, од која одредени членови бараат САД да ја тргне организацијата ПКК од листата на терористички организации, нема реални шанси на овие избори. Меѓутоа, победата на социјалистот Питела зависи од поддршката на оваа група.
Се претпоставува дека лидерот на С&Д, Питела, ја има речиси целата поддршка од гласовите на 189-те члена на групата. Доколку не направи сојуз со Европската обединета левица, ќе има потреба од поддршката на екстремната левица, вклучувајќи ги сите лево ориентирани групи, како и либералите (АЛДЕ). Питела, кој е посветен на тоа да стави крај на коалицијата меѓу централно десничарските и централно левичарските партии во ЕП, вети дека ќе се фокусира на економијата и против мерките за штедење. Тој го поддржува предлогот за привремено замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, а оствари средба со пратеничката во Ван од Народната Демократска Партија (ХДП), Туба Хезер Озтурк, и со пратеникот на ХДП во Ширнак, Фајсал Саријилдиз, кои се во бегство, а против кои има одлука за приведување.
Европската слободна алијанса/Зелени (Вертс/АЛЕ), која брои 50 члена, го кандидираше Британецот Жан Ламберт. Лидерот на либералите и кандидат на Алијансата на европски либерали и демократи (АЛДЕ), Гај Верхофштад, ќе мора да ја добие поддршката на оваа алијанса во одминатите кругови на гласањето, за да ја зајакне својата позиција против другите кандидати.
Тој е поранешен премиер на Белгија, има 63 години, а познат е по своите федералистички ставови. Верхофштад, кој дели исти ставови со екстремните десничари во однос на Турција, неодамна побара да не бидат екстрадирани осумтемина војници-пучисти од Грција.
АЛДЕ брои 68 члена, а се очекува нивниот лидер во последниот круг од гласањето да го поддржи или Питела, или пак Тажани, во замена за позицијата заменик-претседател, или претседател на комитет во ЕП. Тој сакаше да направи предизборен сојуз со движењето Пет ѕвезди, кое е против САД, но наиде на несогласување кај членовите. Верхофштад има шанси да ги добие овие избори, само доколку се повлече Питела.
Кандидат од Европската народна партија, која ја формираа христијанските демократи, е 63 годишниот Италијанец Тајани. И покрај тоа што тој излегува во прв план, како фаворит на овие избори, неговото пријателство со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предизвика расправи. На интерните избори во групата од вкупно 217 члена, тој доби 94 гласа и вети „промена“. Тајани, кој инаку е поранешен новинар, има големи шанси да биде избран за претседател на ЕП, но во последниот круг ќе има потреба од поддршката на екстремните десничари и од либералите.
Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) за кандидат ја избраа Белгијката Хелга Стевенс. Се претпоставува дека некои од 74-те члена на групата, која се состои од конзервативци и централно десничарски партии, ќе му ја дадат својата поддршка на Тајани.
Групата „Европа за слобода и директна демократија“ (ЕФДД), која брои 44 члена, на овие избори учествува со Италијанецот Пиерникола Педичини, кој пак беше копретседател на десничарската партија УКИП, чиј претседател беше Најџел Фараж, предводникот на кампањата за излез на Британија од ЕУ. Педичини е истовремено член на италијанското движење Пет ѕвезди, кое има антиамериканска политика, како и УКИП.
Екстремно десничарската група, Европа на нации и слобода (ЕФН) на изборите учествува со Романецот Лаурентиу Ребега, а лидер на оваа група е екстремно десничарката Французинка Марин Ла Пен. Оваа група која брои 39 члена, покрај антитурскиот став, е и против самата ЕУ.
- Ставови на кандидатите
На само неколку дена пред изборите, весникот „Политико“ организираше панел-дискусија на којашто ги донесе сите кандидати, освен Педичини (ЕФДД). На оваа дискусија, сите учесници рекоа дека Британија навистина ќе излезе од ЕУ.
Формирањето на армија на ЕУ го поддржаа Лаурентиу Ребега (ЕФН), Гај Верхофштад (АЛДЕ) и Хелга Стивенс (ЕЦР), а Елеонора Форенца (ГУЕ – НГЛ) и Жан Ламберт (Вертс/АЛЕ) се спротивставија, додека пак, најсилните кандидати, Антонио Тајани (ЕПП) и Џани Питела (С&Д) не го искажаа својот став.
Елеонора Форенца (ГУЕ – НГЛ), Џани Питела (С&Д), Лаурентиу Ребега (ЕФН) и Гај Верхофштад (АЛДЕ) го оценија како „сѐ уште можен“ Договорот за партнерство за трансатлантска трговија и инвестиции меѓу САД и ЕУ, а останатите кандидати рекоа дека преговорите за ваков договор пропаднаа со изборот на Трамп за претседател.
Само Лаурентиу Ребега (ЕФН) излезе против идејата англискиот јазик да остане главен административен јазик во ЕУ по излегувањето на Британија од Унијата. Тој исто така е единствен од кандидатите кој е против тоа Полска да плати казна, поради истрагата што се води под образложение дека го прекршила принципот на суверинитет на правото.
Сите кандидати се согласни дека ЕП треба да има едно седиште, во Брисел, или во Стразбур, а не двете. Тие исто така изјавија дека немаат разговарано меѓу себе или групно по тоа прашање.
news_share_descriptionsubscription_contact
