Emre Gürkan Abay
14 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
МОСКВА (AA) - Претставниците на Турција, Русија и Иран во петок одржаа состанок во Москва за да договорат рамка за престојниот состанок за сириската криза во Астана, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на руското министерство за надворешни работи се наведува дека функционерите на трите земји се собрале во рамките на планот за подотовките за состанокот во врска со Сирија.
Се додава дека учесниците на собирот потсетиле дека состанокот би можел да помогне да се воспостави стабилно примирје во Сирија.
Исто така, се сложни се дека состанокот ќе придонесе на продолженито на борбата против терористичките организации и постигнувањето на политичко решение во Сирија.
Планираниот состанок на функционерите на Турција, Русија и Иран во Астана во Казахстан ќе биде одржан на 23 јануари.
Од друга страна, гласноговорничката на Министерството за надворешни работи на Русија Мариа Закхарова во четврток изјави дека мировните преговори во Астана би можеле да бидат пресвртница за решавањето на сириската криза.
Закхарова на конференција за новинарите во Москва истакна дека и покрај одредени проблеми и понатаму трае постигнатото примирје во Сирија.
„Ситуацијата значително се подобри и можам да речам дека примирјето се почитува", рече Закхарова.
Истакна дека претставниците на Русија, Турција и Иран ги прават сите напори за да се стекнат потребните услови за преговори помеѓу сирискиот режим и опозицијата.
Во тек се подготовките на Турција и Русија за мировните преговори во Астана чија цел е постигнување на договор помеѓу страните кои војуваат во Сирија, опозицијата и режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Турските функционери соопштија дека се забрзани подготовките за состанокот бидејќи дојде до релативно намалување на кршење на договорот за прекин на огнот.
Турската страна го продолжува контактот со опозицијата, но режимското кршење на договорот за прекин на огнот го отежнува процесот. Сепак, турската и руската страна вложуваат напори за да преговорите во остана дадат најдобри резултати.
Функционерите на Турција истакнаа дека посебно групите кои ги поддржува Иран го кршат договорот што ја зголемува реакцијата на опозицијата.
Сеуште не е познато дали претставниците на режимот и опозицијата ќе преговараат директно. Доколку дојде до преговори, се очекува посредство на Турција и Русија наместо ОН.
На техничките преговори треба да присуствуваат функционерите на САД и Иран.