Halit Süleyman
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
ИДЛИБ (АА) - Во северозападниот дел од Сирија, во градчето Маарет ел-Мисрин кое подпаѓа под областа на градот Идлиб, извршен е воздушен напад врз пазар во кој животот го загубија 10 лица, а 21 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговорниот за цивилната заштита на Маарет ел-Мисрин, Мухамед Јахја за АА изјави дека авион на сириската армија извршил бомбашки напад врз пазар во градчето Маарет ел-Мисрин, кој се наоѓа северно од Идлиб.
Во нападот животот го загубија 10 цивили, меѓу кои се наоѓаат жени и деца. Во нападот ранети се 21 лице, а Јахја додаде дека екипите на цивилната заштита се обидуваат да ги извлечат преживеаните под урнатите згради.
Претставникот на цивилната заштита Јахја истакна дека сите дуќани кои се наоѓале во близината на пазарот претрпеле материјална штета.
Со гаранции на Турција и Русија, завојуваните страни во Сирија на 30 декември 2016 година прогласија прекин на огнот, но силите на режимот продолжуваат да го прекршуваат прекинот на огнот во подрачјето на Источна Гута и долината Барада во главниот град Дамаск, во областа на Дера и во руралните делови од јужниот дел на областа Алепо.