Betül Yürük
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
ЊУЈОРК (AA) - Новоизабраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп изјави како врз основа на добрите односи со Русија би можел да ги укине порано наметнатите санкции на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп за „Вол Стрит Журнал" зборуваше какви ќе бидат односите на САД во иднина кон Кина и Русија.
На 20. јануари Трамп го превзема претседавањето со САД од Барак Обама. Тој вели дека планира одредено време да продолжи со веќе претходно наметнатите санкции кон Русија, но би можел да ги укине доколку односите помеѓу двете земји станат подобри.
„Ако добро се согласувате и ако Русија навистина ни биде од помош зошто да се применуваат санкции на некој кој чини добри нешта", кажува Трамп.
Кога станува збор за Кина и американската политика за „ една Кина" која на Тајван гледа како на дел од Кина, Трамп укажува дека со Кина ќе може да преговара со се и сешто. Исто така вели доколку не дојде до некои промени во трговијата со Кина, би можел да отстапи од политиката на „една Кина".
Уште од 1979. година САД призна дека Тајван е дел од „една Кина". Од тогаш до денес Трамп е првиот новоизбран американски претседател кој телефонски разговарал со тајванскиот лидер. Неговиот тим најави блиски економски и политички односи со Тајван, што пак предизвика загриженост во политичкиот врв на Кина.