Kerem Alperen Kaya
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На улиците на Истанбул вечерва се одржани протести против одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, со која Ерусалим официјално го призна како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред зградата на Генералниот конзулат на САД се собраа стотици демонстранти.
Насобраните демонстранти извикуваа слогани како: „Не европско, туку исламско единство“, „Убиецу САД губи се од Блискиот Исток“ и „Трамп, не го тестирај нашето трпение“.
Али Угур Булут, еден од организаторите на протестите, изјави за новинарите дека продолжува американската и израелската политика на окупација.
Освен во Истанбул, протести против одлуката на Трамп се одржаа и во други турски градови, вклучително и во Анкара и Анталија.
И на улиците во Појасот Газа се одржуваат протести против одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп,со која Ерусалим официјално го призна како главен град на Израел.
На повик на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, се одржуваат протести на кои се носат знамиња на Палестина како и транспаренти во знак на поддршка на Ерусалим.
Да потсетиме, Трамп изјави дека е време Ерусалим да биде официјално признаен како главен град на Израел. Тој нагласи дека веќе ѝ наредил на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД во Ерусалим.