Dejan Maksimoviç
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
БЕЛГРАД (AA) – Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Турција по денешниот трилатерален состанок во Белград со колегите Ивица Дачиќ (Србија) и Игор Црнадак (БиХ) се осврна на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што изјави тој, таквата одлука е во спротивност со меѓународното право и дека ќе ја смени стабилноста.
„И покрај сите предупредувања, Трамп тоа го направи. Сметам дека тоа е погрешно и ние тоа потполно го осудуваме, бидејќи една таква одлука ќе ја смени стабилноста, а во спротивност е со сите договори од меѓународно право и во спортивност со одлуките на Генералното собрание на ОН. Една земја не може да каже сега јас го правам она што сакам и да го доведе некој пред свршен чин. За да Ерусалим стане главен град, не е доволно таквата одлука да ја донесе претседател не една земја. Тоа е популистичка политика која ништо не може да реши. Турција ќе ги направи сите потребни чекори. Идната недела, на 13. декември ќе организираме Самит на претседатели на исламските земји во Турција. Претседавач ќе биде претседателот Реџеп Таип Ердоган и тогаш ќе реагираме. Веќе ги дадовме нашите коментари и сметаме дека таа одлука е во потполна спротивност со меѓународното право и остро ја осудуваме", рече Чавушоглу.
Додаде дека не се работи за одлука на Израел и дека Турција тука гледа проблем, бидејќи предизвика реакција од сите страни. На прашањето дали Турција ќе го повлече амбасадорот од Израел, Чавушоглу нагласи дека таква одлука не е донесена.
„Би било подобро да не е донесена таква одлука, но кога е донесена јасно е дека ќе отвори пат кон лоши настани. Ќе видиме точно што ќе се правиме, но ќе се консултираме со повеќе земји и ќе бидиме какви се нивните ставови за тоа прашање", рече Чавушоглу.