Kubilay Çelik
06 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турските парламентарни партии со заедничка изјава ја отфрлија најавата на САД за да го признаат Ерусалим како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турскиот парламент изразува јасна и неспорна волја да ја отфрли оваа авантуристичка намера", се вели во заедничката изјава. Сите политички партии во парламентот го поддржаа потпишувањето на наведената изјава.
Од друга страна, портпаролот на кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, рече дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика сите водачи на Организацијата за исламска соработка (ОИК) следната недела на вонреден самит на таа организација да утврдат единствен став и координација на исламскиот свет наспроти планот на САД за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.