Behlül Çetinkaya
27 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
ИСЛАМАБАД
На пакистанско-авганистанската граница изведени се два напади во кои животот го загубија 10 пакистански војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Пакистанската армија соопшти дека во покраините Хајбер Пахтунхва и Белуџистан, на границата со Авганистан, отворен е оган врз припадниците на Војската.
Првиот напад е изведен врз војниците кои патролирале во подрачјето Северен Везиристан, во покраината Хајбер Пахтунхва. Пакистанската војска објави дека по отворениот оган од другата страна на границата, загинале 6 војници.
Вториот напад е изведен во пакистанската покраина Белуџистан. Портпаролот на Пакистанската армија, информирајќи дека во овој напад загинале четворица припадници на жандермијата, истакна: „Загинатите војници ги дадоа своите животи за воспоставување мир во регионот. Додека ги засилуваме силите во пограничното подрачје, непријателските сили се обидуваат да го дестабилизираат Белуџистан. Верувам дека нивните напори ќе бидат залудни.“