Yusuf Hatip
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
ИСЛАМАБАД (АА) - Бројот на загинатите во бомбашкиот напад извршен вчера во пакистанските градови Парачинар и Куета, се искачи на 63 лица, додека околу 220 повредени се лекуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Бешир Хан Везир, локален владин претставник, истана дека во двоен бомбашки напад кој вчера се случи во градот Парчинар во пакистанска Племенска област животот го загубиле 50 лица, додека најмалку 200 лица се ранети.
Според соопштеното, постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите поради што втората експлозија настанала откако тимовите за брза помош и жителите се собрале во местото на настанот.
Од друга страна, портпаролот на болницата во Куета, Васим Бег соопшти дека бројот на загинатите во нападот извршен со возило-бомба во Куетта, главнен град на пакистанската покраина Белуџистан, се искачи на 13, додека 20 се ранети. Бег пренесе дека 7 лица од вкупните загинати биле полицајци.
Сеуште никој не ја презеде одговорноста за нападот во Парачинар, додека одговорноста за нападот во Куетта ја презедоа терористичката организација Лешкер-иКангви Ел-Алами која е поврзана со ДЕАШ, и Џемат-ул Ахрар која се одвои од пакистанските талибани.