Hacer Başer
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
МАРИБ (АА) - Светската здравствена организација соопшти дека во епидемијата на колера во Јемен од април животот го загубиле 1.310 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од 27 април регистрирани се над 200.000 сомнителни случаеви во Јемен, додека бројот на починатите од колера се искачи на 1.310 лица“ се вели во соопштението на социјалната мрежа Твитер на Светската здравствена организација.
Во вчерашното соопштение на СЗО беше наведено дека бројот на жртвите од колера е 1.256.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите коишто траат веќе две години, како резултат на немањето пристап до чиста вода и несобирањето на отпадот, секој ден се изложени на висок ризик да заболат од колера.