Sertaç Bulur
23 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Успешните операции на турските безбедносни сили кои ѝ зададоа тежок удар на сепаратистичката терористичка организација ПКК, ги забрзаа внатрешните пресметки во организацијата. Се дознава дека раководителите на организацијата, кои во зимскиот период издале наредба за ликвидација на терористот Ерхан Ѓулен со тврдење дека е агент, подоцна се труделе да создадат впечаток дека тој извршил самоубиство, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносни извори, тешките загуби што турските безбедносни сили ѝ ги нанеле на терористичката организација, создале страв и паника во редовите на организацијата, поради кои дошло до забрзување на внатрешните пресметки.
Со операциите спроведени во последниот период, во кои се неутрализирани голем број терористи, меѓу кои се наоѓаат и таканаречените лидери на организацијата, дојде до пресметка меѓу таканареченото високо раководство на организацијата и терористите на теренот.
Таканаречениот раководен кадар ги обвини терористите на теренот дека се агенти. По овие обвинувања дојде до зголемување на егзекуциите во организацијата.
Со цел егзекуциите да не предизвикаат немири меѓу припадниците на сепаратистичката терористичка организација, тие се прикажуваат како самоубиства.
- Егзекутиран терорист од сивата категорија
Последната егзекуција, внатре во органзиацијата, излезе на виделина по операцијата на турските специјални жандармериски единици кои на 15 мај, во руралните делови на Пуљуммур, во областа Тунџели неутрализираа тројца терористи.
Откриено е дека Ерхан Ѓулен, со кодно име „Мордем Каниреш“, кој се наоѓаше на сивата листа и бил „таканаречен одговорен за силите во Јајладере, Ерзурум“, во зимскиот период, со наредба на раководителите на организацијата бил егзекутиран во пештерата во која се криел, а тоа било прикажано како самоубиство.