Cem Genco
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
ХАТАЈ (АА) - Обединетите нации (ОН) денеска испратија 31 камион со помош за населението во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Камионите со помош преминаа преку граничниот премин Џилвеѓозу, во подрачјето Рејханли, во турската област Хатај.
Помошта ќе биде поделена на луѓето со послаба имотна состојба во Идлиб и околината.
ОН вчера испратија 32 камиони помош за жителите во Сирија.