Esat Fırat
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Anadolu Agency (AA) до израелската војска упати барање за образложение за нападот врз зградата во Појасот Газа изведен на 4 мај, во кој беше погодена и канцеларијата на агенцијата.
Адвокатите кои ја застапуваат АА упатија барање во кое се наведува дека зградата во која се наоѓала канцеларијата е користена за комерцијални и станбени цели, и е поставено прашањето која е причината поради која израелската војска го извела нападот.
Поставено е прашањето дали израелската војска пред бомбардирањето знаела дека во споменатиот објект се наоѓа канцеларијата на Anadolu Agency.
Поставено е прашањето: „Дали зградата во којашто се наоѓа канцеларијата е гаѓана намерно или случајно“.
Во барањето е поставено и прашањето дали од зградата во којашто се наоѓа канцеларијата на АА е изведен каков било напад врз израелски позиции.
„Дали израелската војска има намера да ги сноси трошоците нанесени на АА поради бомбардирањето на зградата и нејзиното целосно рушење?“, се додава.
Речено е дека и поради тоа што е погодена канцеларијата на АА во Газа, кај сопственикот на недвижниот имот е создадена перцепција дека „АА е цел на Израел“, поради што агенцијата се соочила со потешкотии во пронаоѓање нови простории.
Поставено е и прашањето: „Како Израел ќе ја отстрани настанатата штета и дали за израелската војска, Anadolu Agency е цел?“
АА по одговорот на израелската војска своите права ќе продолжи да ги бара по правен пат.
Израелската војска на 4 мај изведе воздушен напад на зградата во Појасот Газа, во којашто се наоѓаше и канцеларијата на АА. Зградата беше целосно срушена во нападот.