свет

„Многу странски официјални лица, застапувајќи ги САД, пристигнаа во Иран“

На застапниците на САД им е кажано дека „преговорите во никој случај нема да бидат на агендата“ сѐ додека САД не го променат однесувањето, не бидат обезбедени интересите на Иран...

Muhammet Kurşun  | 23.05.2019 - Обновена : 24.05.2019
„Многу странски официјални лица, застапувајќи ги САД, пристигнаа во Иран“

ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Кејван Хусреви, изјави дека многу странски официјални лица, застапувајќи ги Соединетите Американски Држави (САД), во последните денови пристигнале во Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).

Хусреви, во неговата изјава пренесена преку иранската државна телевизија даде информации за странските официјални претставници кои биле пристигнати во Иран за да посредуваат меѓу САД и Иран. 

Тој во изјавата ги сподели информации за официјалните странски лица кои пристигнале во Техеран за да посредуваат во продолжувањето на преговорите меѓу САД и Иран: 

„Многу странски официјални лица, застапувајќи ги САД, пристигнаа во Иран. Некои од овие посети беа објавени во медиумите, додека други останаа доверливи.“ 

Хусреви посочи дека на застапниците на САД им е кажано дека „преговорите во никој случај нема да бидат на агендата“ сѐ додека САД не го променат однесувањето, не бидат обезбедени интересите на Иран и не се преземат практични чекори за нешто ново. 

Наводно, министерот за надворешни работи на Оман, Јусуф бин Алеви, во текот на неделата пристигнал во Техеран за да посредува меѓу САД и Иран. Од друга страна, се наведуваше дека Ирак ќе испрати делегации и во САД и во Иран, со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји. 



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın