Hasan Esen
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
ЛОНДОН
Џереми Хант, министерот за надворешни работи на Британија, за време на своето обраќање на Конференцијата за посветеноста кон киберодбраната на НАТО што се одржува во Лондон, ја обвини руската разузнавачка служба дека ги таргетира критичните национални структури на голем број земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Хант истакна дека „оваа глобална кампања“ истовремено има за цел да им наштети на владините мрежи и продолжи со зборовите „Можам да информирам дека Центарот на национална кибербезбедност сподели податоци и проценки за руските киберактивности кон 16 земји членки на НАТО, и уште повеќе активности кон нациите надвор од Алијансата.“
Хант посочи дека Русија, благодарение на кибернападите, влијаела врз изборите во Украина и САД, додавајќи „Потребно е јасно да покажеме дека легитимно ќе дадеме пропорционален одговори во случај кога една земја го прекршува меѓународното право користејќи кибероперации, сакајќи да манипулира со изборниот систем на друга земја, со цел измена на финалните резултати.“
Ваквиот вид активности, подвлече Хант, влегуваат под ингеренции на членот 5. од статутот на НАТО, според кој „нападот врз еден член на Алијансата ќе се смета за напад врз сите членки на Алијансата“, забележувајќи дека е потребно да бидат подготвени да ги користат опциите дадени со овој член.
Билатералните врски меѓу Британија и Русија се влошија по минатогодишниот случај во кој над поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал, беше изведен хемиски напад на територијата на Британија.