свет

Сирија: Терористичката организација ЈПГ/ПКК пали земјоделско земјиште

Во текот на изминатите четири дена изгорени се стотици хектари земјоделска површина во сопственост на арапските земјоделци во областите Рака и Деир ез-Зор, кои се наоѓаат источно од реката Еуфрат, а се под контрола на терористичката ЈПГ/ПКК

Beyza Binnur Dönmez  | 23.05.2019 - Обновена : 25.05.2019
Сирија: Терористичката организација ЈПГ/ПКК пали земјоделско земјиште

АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК запали земјоделско земјиште во Сирија, во обид да ги заплаши локални жители Арапи, јавува Anadolu Agency (AA).

Во текот на изминатите четири дена изгорени се стотици хектари земјоделска површина во сопственост на арапските земјоделци во областите Рака и Деир ез-Зор, кои се наоѓаат источно од реката Еуфрат, а се под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

„Ние ја сметаме ЈПГ/ПКК одговорна за овие пожари“, изјави за АА Ебу Мухамед, сопственик на изгорена фарма во Деир ез-Зор.

Локалните жители велат дека инцидентите се случиле во регионите со мнозинско арапско население кое одржало антитерористички демонстрации.

Изворите велат дека целта на пожарот била да се осиромашат арапските земјоделци кои не сакале да ги продаваат своите култури на терористичката група и да ги донесат своите млади луѓе да се приклучат во организацијата.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın