Yusuf Hatip
23 Мај 2019•Ажурирај: 26 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел, главниот град на Белгија, во 2018 година 67 бездомници го загубија својот живот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според невладината организација „Колектив на лицата кои умираат на улица“ (Brussels Collectief Straatdoden), во споредба со претходната година, бројот на бездомните лица кои го загубиле својот живот се зголемил за 5 и изнесува 67 лица.
Бенјамин Нтабунди, координаторот на Колективот, истакна дека зголемувањето на бројот на лицата што го загубиле животот е резултат на тоа што е зголемена бројката на бездомници во главниот град.
„Од 2005 година, бројот на бездомници во Брисел се зголеми речиси за половина. Згора на тоа на овие лице не им се обезбедува засолниште и повеќето од нив се на улица“, нагласи Нтабунди.
Невладината организација, за лицата починатите бездомници организира погребни церемонии.