Ali H. M.Abo Rezeg
23 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
КАИРО (АА) - Египетскиот суд денеска пресуди ослободување на новинарот на „Ал Џезира“, Махмуд Хусеин, по две и пол години притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Ќерката на Хусен, Захра, на социјалната мрежа Фејсбук напиша: „Мојот татко е ослободен. Благодарение на Алах.“
Таа не даде дополнителни детали.
Членот на тимот на одбраната на Хусеин, Тахир Абу ал Наср, за АА изјави дека Кривичниот суд на Каиро ја отфрлил жалбата поднесена од страна на обвинителите против неговото ослободување.
Сепак, според условите за неговото ослободување, Хусеин мора во редовни интервали да ја посетува локалната полициска станица.
Хусеин беше притворен од страна на египетските власти кон крајот на 2016 година, откако од Катар се врати дома во Египет.
Властите го обвинија дека припаѓа на незаконска група и пропагира лажни вести, со цел дестабилизација на земјата.
„Ал Џезира“ беше официјално забранета во Египет, по воениот удар во 2013 година против Мохамед Морси, првиот демократски избран претседател во земјата.