свет

Агенцијата за палестински бегалци на ОН се соочува со буџетски дефицит од 200 милиони долари

Генералниот комесар на УНРВА, Пјер Крахенбул, вети дека агенцијата, сепак ќе продолжи да обезбедува услуги за палестинските бегалци како што е назначено од ОН

Ali H. M.Abo Rezeg  | 23.05.2019 - Обновена : 24.05.2019
Агенцијата за палестински бегалци на ОН се соочува со буџетски дефицит од 200 милиони долари

ГАЗА (АА) - Официјален претставник на Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (UNRWA), денеска изјави дека буџетскиот дефицит на агенцијата во моментот изнесува 200 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).

На денешната прес-конференција во Газа, генералниот комесар на УНРВА, Пјер Крахенбул, вети дека агенцијата, сепак ќе продолжи да обезбедува услуги за палестинските бегалци како што е назначено од ОН.

Израел, од своја страна, продолжува да повикува на затворање на УНРВА и сите нејзини активности.

Во август минатата година, администрацијата на САД ја запре сета финансиска поддршка за УНРВА, вовлекувајќи ја агенцијата во голема финансиска криза.

Многу Палестинци веруваат дека чекорот бил со цел поткопување на правото на палестинските бегалци да се вратат во нивните домови во Палестина, од која беа протерани во 1948 година.

Крохенбул изјави дка УНРВА не штеди никакви напори да ги зголеми очајно потребните средства.

Тој тврди дека минатата година 42 земји и организации ѝ помогнале на УНРВА да ја надмине својата акутна финансиска криза.

„Континуираната финансиска помош останува клучна за одржување на безбедноста и достоинството на бегалците“, додаде Крахенбул.

УНРВА е агенција основана во 1949 година со мандат да работи на обезбедувањето на основните потреби и заштита на палестинските бегалци во Јордан, Сирија, Либан, окупираниот Западен Брег и блокираниот Појас Газа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.