Gülşen Topçu
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
БАГДАД (АА) - Властите на ирачката северна покраина Нинива соопштија дека откриле остатоци од 143 неидентификувани лица убиени во периодот меѓу 2014-2017, период кога терористичката група ДЕАШ ја имаше контролата врз областа, известува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за цивилна одбрана на покраината информираа дека масовната гробница е најдена во областа Ал-Рифаи во градот Мосул, а телата подоцна биле испратени во Институтот за судска медицина.
Се проценува дека тела на 6.000 до 12.000 лица се закопани во масовните гробници во Ирак.
Во јуни 2014 терористичката група ДЕАШ имаше целосна контрола на ирачките покраини, меѓу кои беа Мосул, Саладин и Анбар, а под своја контрола држеше и некој делови од Дијала и Киркук.