Övünç Kutlu
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Џеф Безос, основач на американскиот гигант на е-технологија, Амазон, повторно стана најбогатиот човек во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако Амазон вчера соопшти дека за 34 отсто се зголемените приходите на компанијата во третиот квартал на годината во споредба со истиот период минатата година, денес се зголеми побарувачката за акциите на оваа компанија.
Според информациите до кои дојде АА, денес три часа по отварањето на њујоршката берза, акциите на Амазон се зголемија за 13,3 отсто, а вредноста на акциите на компанијата достигнаа рекорден износ во историјата на самата компанија, односно 1.001 долари.
Безос за три часа додаде 10 милијарди долари на неговото богатсво, со што, според Форбс (Forbes), неговото вкупно богатство достигна 92,8 милијарди долари.
53-годишниот милијардер повторно стана најбогатиот човек во светот оставајќи го зад себе 61-годишниот основач на „Microsoft", Бил Гејтс, чие нето богатство изнесува 90 милијарди долари.
Исто така, Безос на 27 јули го помина Гејтс и се здоби со титулата „најбогат човек во светот“, но истиот ден ја загуби таа титула.
- Амазон не четвртото место
Со зголемување на акциите на Амазон, пазарната вредност на оваа компанија достигна до 652 милијарди долари, со што Амазон стана четвртата највредна компанија во светот.
„Apple" се наоѓа на врвот на листата на највредни компании во светот, по кој следат „Alphabet" и „Microsoft".
Според Форбс, на третата позиција на листата на најбогати лица во светот се наоѓа американскиот инвеститор, Варан Бафет, на четврто место се наоѓа шпанскиот бизнисмен Амансио Ортега, а на петто основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг.