Sayed Khodaberdi Sadat
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку еден авганистански војник е повреден при пад на хеликоптер на силите на НАТО на подрчајето на авганистанскиот Логар, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Логар, Мухамед Халим Федаи потврди дека хеликоптерот паднал при полетување ударајќи во дрво во близина. Учествувал во воздушните акции против талибанците на тоа подрачје.
Федаи изјави дека е повреден еден авганистански војник. Меѓутоа, талибанците тврдат дека тие го собориле хеликоптерот и дека загинале 43 припадници на безбедносните сили.