Ekip
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Шпанија презеде директна контрола над Каталонија и ја распушти сепаратистичката регионална влада со објавување на посебни мерки во Службениот весник на интернет, пренсува Anadolu Agency (AA).
Овој потег утринава се случи откако сепаратистичките каталонски парламентарци вчера попладне усвоија предлог за независност од Шпанија.
Премиерот Маријано Рахој, кој сега ги презема овластувањата од каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон, како врховен авторитет во донесување на одлуки во североисточниот регион, го распушти Парламентот на Каталонија и распиша вонредни регионални избори за 21 декември.
Пуџдемон и 12-те членови на Владата на Каталонија нема повеќе да бидат плаќани и ќе бидат обвинети за узурпирање на функциите доколку одбијат да ја испочитуваат одлуката на централната влада.
За сега нема одговор од страна на каталонските сепаратистички официјални лица на мерките на Владата на Шпанија. Само директорот на регионалната полиција, кој исто така е сменет, издаде соопштение во кое вели дека ќе се придржува до одлуката.