Ekip
28 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
МАДРИД (AA) - Премиерот на Шпанија, Мариано Рахој го распушти каталонскиот парламент и распиша избори за 21. декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакна дека врз основа на членот 155 од Уставот на Шпанија ја суспендирааа владата на Автономната Покраина на Каталонија и началниците на локалната полиција.
Нагласи и дека на 21 декември ќе бидат одржани вонредни локални избори.
„Државата поседува доволно мерки за да го обнови правниот поредок", порача шпанскиот премиер.
Спомнатите мерки се однесуваат на отпуштање на каталонските политички лидери, вклучувајќи го претседателот, потпретседателот и министерот и затворање на каталонските амбасади во странство.
Рахој нагласи дека ваквата одлука ја донел за да ја стабилизира постоечката состојба во регионот.
Потсетуваме, Парламентот на Каталонија во петок донесе одлка за прогласување еднострана независност од Шпанија, а недолго потоа Сенатот на Шпанија го активираше членот 155 од Уставот за вонредни мерки, со кои во голема мерка се укинува автономијата на Каталонија и на Мадрид му се допушта преземање на контролата над каталонската полиција, финансиите, државните медиуми и телекомуникациите во таа покраина.