Eshat Fırat
23 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) - Оружјето кое Израел му го продавал на Мјанмар наводно е користено при „етничкото чистење" на муслиманите во Аракан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува израелскиот вестник „Haaretz", Државната морнарица на Мјанмар, која вршеше злосторства против араканските муслимани, на социјалните мрежи објави фотографии од воените бродови, купени од Израел.
Воените бродови од израелските власти наводно ги купила Владата во Најпијидав.
На спомнатите фотографии се гледаат воените бродови опремени со напреден систем на одбрана „Typhoon" кои за израелската војска ги произведе компанијата Рафаел.
Во текстот на израелскиот весник се наведува дека Израел продолжува со продажба на оружје на Мјанмар иако Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ) воведоа ембарго на увозот на оружје на таа земја.
Се додава дека станува збор за наоружување кое е продадено во рамките на договорот за купување оружје помеѓу Израел и Мјамар.
Се наведува дека израелската компанија работи на развој на воените авиони за власт во Мјанмар, додека компанијата „TAR Ideal Concepts", добавувач на израелското министерство за одбрана, на војската на Мјамар и пружа услуги на воена обука.
Весникот „Haaretz" и претходно пишуваше дека морнарицата на Мјанмар од Израел купила воен брод, ракети и минофрлачи.
Обединетите нации (ОН) соопштија дека од 25. август бројот на муслиманите од Аракан кои од насилството во Мјанмар пребегале во Бангладеш достигнал 603.000.