Tufan Aktaş
27 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Околу седум милиони луѓе во Етиопија имаат потреба од храна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Потребата за помош во храна следуваше поради недостатокот од дожд и сушата што се повторува.
Националната комисија за управување со ризик од катастрофи во Етиопија објави дека за помош за околу седум милиони луѓе се потребни милијарда долари.
Сушата негативно влијае на економијата и на животот во таа земја.
Етиопија е земја која, покрај со големите суши, се бори со различни болести. Во земјата со околу 100 милиони жители сушата создава голем проблем на жителите, од кои повеќето се занимаваат со сточарство и земјоделство.