Mutlu Demirtaştan
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
СКОПЈЕ
Започна 3. елиминациска фаза од УЕФА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 5 натпревари од 3. елиминациска фаза во најелитното фудбалско клупско натпреварување во Европа.
Минатогодишниот полуфиналист во Лигата на шампиони, холандскиот претставник Ајакс, синоќа му гостуваше на грчкиот претставник ПАОК. Ајакс на почетокот од натпреварот поведе со 1 : 0, но на крајот натпреварот заврши нерешено 2 : 2.
Со петте натпревари што ќе се одиграат денес завршува првиот дел од 3. елиминациска фаза од квалификациите за учество во УЕФА ЛШ.
Кои екипи ќе се пласираат во плејоф-натпреварите на ЛШ ќе биде познато по реванш-средбите закажани за 13 август.
Резултати од синоќешните натпревари:
ПАОК - Ајакс 2 : 2
АПОЕЛ - Карабаг 1 : 2
Динамо Загреб - Ференцварош 1 : 1
Клуб Бриж - Динамо Киев 1 : 0
Црвена Sвезда - Копенхаген 1 : 1
Денес на програмата се натпреварите:
19:00 Краснодар - Порто
19:45 Башакшехир - Олимпијакос
20:00 Клуж - Селтик
20:00 Базел - Лакс
20:15 Марибор - Розенборг