Hamdi Yıldız
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
ДАЛИ
Во јужниот дел на Јемен, во областа Дали дојде до судир меѓу Војската и Хусите, во кој се убиени 20 Хуси, меѓу кои и едно лице е од лидерскиот кадар, јавува Anadolu Agency (AA).
Интернет-страницата „26Sepnews.net“, која ѝ припаѓа на јеменската Војска објави вест во која се вели дека милициите на Хусите поддржани од Иран, се обиделе да минат на подрачјето на Мурејс, во областа Дали, каде што се позиционирани единиците на Војската, по што избувнал судир меѓу двете страни.
Во продолжение се вели дека во судирот се убиени 20 Хуси, меѓу кои се наоѓа и Ебу Фајид, одговорен за областа Дали, а 30 милиционери на Хусите се ранети.
Во веста не се даваат информации дали има загинати или ранети припадници на јеменската Војска. Од друга страна, Хусите не дадоа никакви информации во врска со настанот.
Од септември 2014 година, Хусите ја контролираат Сана, главниот град на Јемен, и некои региони. Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат воздушна поддршка на јеменската Влада во борбата против Хусите, а спроведените воздушни операции предизвикуваат масовни убиства на цивилите. Според извештајот на ОН за 2019 година, од 2016 година во Јемен животот го загубиле 70.000 лица.