Aybala Arpacı
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Судот во Стокхолм го одбил барањето за укинување на налогот за апсење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
Во образложението објавено на официјалната интернет страница на судот се вели дека е одбиено барањето за укинување на одлуката за притворање на Асанж, осомничен за кривично дело сексуално злоставување.
По одлуката на англиската влада за негова екстрадиција на Шведска, Асанж кој во 2012 година престојуваше во Англија, се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон.