Ahmet Gürhan Kartal
06 Февруари 2018•Ажурирај: 07 Февруари 2018
ЛОНДОН (АА) - Основачот на Викиликс (WikiLeaks), Џулијан Асанж, денес го изгуби правниот обид за повлекување на налогот за негово апсење, со кој требаше да биде ослободен и да оди од Еквадорската амбасада во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Правниот тим на Асанж претходно поднесе барање до високиот окружен судија Ема Арбутнот, во магистралниот суд на Вестминстер, за повлекување на налогот, тврдејќи дека ја изгубил својата „цел и функција“.
„Тој (Асанж) помина пет и пол години во услови, кои во секој поглед се сродствени со притвор, без пристап до соодветна медицинска нега или дневна светлина, во услови во кои неговото физичко и психичко здравје беа влошени и изложени на сериозен ризик“, велат адвокатите на Асанж во нивното барање.
Тие рекоа дека Асанж имал проблем со забите, синдром на „смрзнато“ рамо и депресија.
Асанж речиси шест години е затворен во Еквадорската амбасада во Најтсбриџ, во центарот на Лондон, откако побара дипломатски азил во јуни 2012 година, и откако беше побарано од шведските обвинители негово сослушување во врска со неколку сексуални престапи.
Тој требаше да биде испорачан во Стокхолм од страна на британските власти пред да влезе во Амбасадата.
Арон Воткинс, претставник на Кралската обвинителска служба, рече дека аргументот за повлекување на налогот на Асанж бил „чуден и неодржлив“.
„Асанж беше ослободен со кауција и беше должен да се предаде на судот, но не го направи тоа до определниот рок што му беше даден. Затоа налогот постои“, вели Воткинс.