Обилни дождови предизвикаа црвен аларм во шпанскиот регион Малага
- Поројните дождови што ја зафатија шпанска покраина Малага ја принуди власта да издаде предупредување за екстремни временски услови доцна синоќа, кое подоцна е укинато откако се смирија временските услови
СКОПЈЕ (АА) - Поројните дождови што ја зафатија шпанска покраина Малага ја принуди власта да издаде предупредување за екстремни временски услови доцна синоќа, кое подоцна е укинато откако се смирија временските услови, известува Анадолу.
Поројните дождови го зафатија градот Малага, западниот дел од Коста дел Сол и долината Гвадалорс, поради што шпанската метеоролошка агенција издаде црвен аларм во траење од неколку часа.
Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуанма Морено, објавувајќи видео од Малага на својот официјален профил на социјалните мрежи денес, предупреди на опасноста и ги повика граѓаните да останат будни во текот на ноќта, истакнувајќи дека поројните дождови продолжуваат и понатака да зафаќаат одделни делови од Коста дел Сол и долината Гвадалорс.
Итни предупредувања се испратени до жителите на неколку општини преку системот ES-Alert, додека локалните власти ги активираа плановите за цивилна заштита поради зголемениот ризик од поплави.
Поплавени улици, куќи и гаражи се пријавени во неколку градови, вклучувајќи ги Марбеља, Естепона, Фуенхирола и Картама. Патот А-7057 во Картама беше затворен поради поплави, додека свлечишта предизвикаа затворање на делови од патот А-397 што ја поврзува Ронда со Коста дел Сол.
Службите за итни случаи реагираа на десетици инциденти поврзани со временските услови, а повеќе од 20 летови до аеродромот во Малага беа пренасочени поради неповолните временски услови.
Предупредувањето беше укинато во текот на ноќта откако интензитетот на дождот се намали, но властите ги повикаа луѓето да останат внимателни.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
